Ксидакис: Ако решението е фер, функционално и одржливо има можности да помине кај пратениците

by fokus 10:37
10:37

Се наоѓаме во најдобриот момент од 1995, а еден чесен и функционален договор може само корист да им донесе на народите на двете земји, вели во интервју за МИА, Никос Ксидакис, пратеник и портпарол на пратеничката група на владејачката СИРИЗА.

Како поранешен алтернативен МНР, Ксидакис добро го знае проблемот меѓу двете земји и коментира дека прозорецот на можност за решение и понатаму е отворен и треба да остане така се додека не се постигне заемно прифатлив договор.

- Advertisements -

Тој вели дека е пооптимист во споредба со она што бил пред 15 или 20 години, а во интервјуто за МИА изразува убеденост дека евентуалниот договор ќе помине во грчкиот Парламент и покрај несогласувањето на коалициониот партнер во Владата, Панос Каменос.

– Мислам дека сме во најдобрата точка од 1995 кога беше постигната Времената спогодба. И двете држави и двата народи се во позиција меѓусебно да си пристапат со повеќе самодоверба, со повеќе доверба еден во друг за да најдеме решение што ќе биде заемно прифатено и ќе дозволи да напредуваме, да живееме заедно во мир, за развој и на двата народи, вели Ксидакис во интервјуто за Македонската информативна агенција.

Според него, постојат услови за договор на име со севкупна употреба и смета дека има време да се види исходот од преговорите и додава дека ако решението е фер, урамнотежено, одржливо и функционално, тогаш секој пратеник ќе се најде наспроти неговата совест, одговорноста кон историјата и ќе има сериозни можности предлогот да помине.

– Мислам дека од една чесен и функционален договор, корист ќе имаат само народите и ова мислам дека и од страна на политичкиот поредок во Скопје и од страна на политичкиот поредок во Атина, ги интересира долгорочниот интерес на народите, мирот, стабилноста и развојот на сите полиња. И на општествено и на економско и на културно поле. Да чекориш заедно кон една подобра иднина за двата народи. Во овој момент сум многу пооптимист од што бев пред 15 или 20 години, истакнува Ксидакис во интервјуто.

Поврзани новости