Радовишанецот младоженец кој го искористил службеното противпожарно возило за да ја земе од дома својата невеста за време на нивната свадба, заработи кривична пријава. Освен него осомничен е и командирот на радовишката Територијална противпожарна единица. Се товарат за „послужување во службата“
Возилото е донација од Британската противпожарна асоцијација „Операција Флоријан“. За време на веселбата возилото беше накитено со свадбарски декор, а според сликите што беа објавени во медиумите, младоженецот А.К. се качил на врвот и така качен парадирал низ Радовиш.
Командирот на единицата доби кривична затоа што му дозволил на А.К. да го користи возилото без дозвола од локалната самоуправа.
„Г.К., командир на Територијалната противпожарна единица Радовиш, специјалното противпожарно товарно моторно возило марка „Волво“ (материјално-техничко средство во сопственост на Територијалната противпожарна единица Радовиш), без овластување од ЕЛС – Радовиш, му го отстапил на користење на А.К. Тој му овозможил за време на водење на смена како раководител во ТППЕ-Радовиш да се послужи и да го користи на 17.09.2017 година во периодот од 13.00 до 14.00 часот за свадбена прослава“, валат од МВР.