361
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(28) од Куманово и ДПТУ “НОЧОЛА ФРУТА” ДООЕЛ село Скачковце- кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Во текот на 2015 и 2016 година, првопријавената, како управител на второпријавеното правно лице, покрај парцела во село Скачковце, која правното лице ја користело под закуп, оградила и 246 м2 земјоделско земјиште сопственост на Р.Македонија и на истото биле засадени лешникови садници за потребите на правното лице.