443
46-годишен кавадарчанец од село Бегниште ќе одговара за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што велат од полицијата Б.С.во текот на 2017 година во близина на река Блашница, од викендици, украл експлозив, фитил, муниција и полуавтоматска пушка. Во текот на 2017 година, пријавениот посадил два корења од растението канабис сатива и откако созреало го набрал и произвел марихуана.