Четворица радовишани ќе одговараат за дива сеча на Плачковица

by fokus

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против четворица радовишани на возраст од кои најмладиот е на возраст од 18 години, а најстариот има 32 години. Се сомничат за сторено кривично дело „кражба на шума“.

На 17ти октомври годинава околу 10.00 часот  на место викано „Јорданина Чешма“, на планина Плачковица,  пријавените исекле и одзеле  18,62 метри кубни буково техничко дрво. Дрвата ги однеле во дворот на еден од осомничените. Дел од дрвата ги продале и се стекнале со противправна  имотна корист од околу 195.500 денари, велат од полицијата.

Поврзани новости