Кривична за двајца вработени во Агенцијата за катастар на недвижности

by fokus

Против двајца државни службеници, вработени во Агенцијата за катастар на недвижности на Р.Македонија, е поднесена кривична пријава за „несовесно работење во службата“.

Според пријавата 54-годишниот Ј.А. и 49-годишната И.С. при упис на сопственичко право на фирма од Штип, извршиле упис на 176 метри квадратни повеќе од предвидената квадратура во предбележувањето. На овој начин и овозможиле на фирмата да се стекне со имот во вредност од 404.000 евра.

„Првопријавениот, како референт за геодетски работи во Агенција за катастар на недвижности Подрачна единица Штип и второпријавената, како советник за правно катастарски работи во Агенција за катастар на недвижности во Подрачна единица Штип и покрај тоа што знаеле и требало да знаат дека предбележувањето на новата состојба не била во согласност и дека квадратурата не се совпаѓала со планираната површина, овозможиле на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од околу 24.895.200 денари“, велат од МВР.

Поврзани новости