173
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“.
Како што информираат од полицијата, на 12. овој месец пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон.
На 09. април од женско лице одзел чанта со пари, а на 11. овој во аптека од вработената одзел мобилен телефон.