522
Жител на Зајас доби кривична пријава поради закани по живот на жена и обид за силување врз неа, пренесуваат од МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Д.(50) од с.Зајас, кичевско, поради тоа што на 15.04.2020 во 23.00 часот, во семејна куќа на Х.И. во с.Зајас, пријавениот влегол во соба каде била Х.И. и со физичка сила и закани по нејзиниот живот, сакал да изврши обљуба врз неа“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.