Кривична против Грк за дилање марихуана во Струмица

by fokus

Против државјанин на Грција е поднесена кривична пријава за продажба на марихуана во Струмица, каде бил со привремен престој.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д.Х. од Република Грција, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.03.2019 година полициски службеници извршиле претрес во станот каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана“, информираа од полицијата.

Поврзани новости