Поранешниот командир на Полициска станица од општа надлежност Велес доби кривична пријава од СВР Велес. 35-годишниот Димитар Ѓуров се сомничи за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и “уништување или прикривање на необработен архивски материјал“.
„На 12.09.2017 година, во Полициска станица Велес во метален сеф во канцеларијата на командирот е пронајдена службена документација за одземена возачка довола. Од извршените проверки е утврдено дека пријавениот во својство на командир не превзел службени дејствија кои бил должен да ги превземе за да се процесуира одземената возачка дозвола врз основа на правосилно судско решение и истата да ја проследи до надлежните служби за внесување на заштитната мерка по што настапила и застареност на извршувањето на прекршочната санкција“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Во март годинава Ѓуров преку својот фејсбук профил ги искара своите колеги затоа што не излегле на протест против СДСМ.
„5 дена мирен марш за поддршка на Македонија по улиците на Велес. 5 дена, со чест на исклучоци, не видов колеги да најдат макар ваков начин за да ѝ се заблагодарат на земјава. Запрашајте се колку задници бакнувавте 10 години на министри, пратеници, советници, директори, државни секретари и бизнисмени за да станете началничиња, шефчиња, советничиња, командирчиња, раководителчиња, инспекторчиња за сега ако не сте службено ангажирани да не ни знаете дека “некои” таму секојдневно ги вознемируваат оние што сакаат да ја снема Македонија од лицето на Светот“, напиѓа Ѓуров во првите денови од протестот против тиранската платформа.