Лекар незаконски препишувал метадон

by fokus

Лекар од Битола, незаконски, на лица кои не биле на метадонска терапија им препишувал метадон, информираше СВР Битола, од каде што појаснуваат дека против лекарот е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Имено, пријавениот А.Д. (66) во својство на службено лице ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што подолг временски период издавал рецепти за набавување на метадон на лица за кои не поседува соодветна документација дека се на метадонска терапија, додека за едно лице поседувал некомплетна документација, информираат од СВР Битола.

Поврзани новости