СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите во полицискиот билтен, во периодот од 2012 година до јануари 2018 година пријавениот, како директор на јавното комунално претпријатие „Козјак“ во Старо Нагоричане, овозможил на 49 жители на Старо Нагоричане нелегално да се приклучат и да ја користат водата за пиење и наводнување, без да склучат договори за приклучок. Дел од корисниците плаќале само такса, додека поголемиот дел од корисниците воопшто не ја плаќале таксата. Притоа, долгот застарел, со што пријавениот му нанел штета од 375.192 денари на ЈКП „Козјак“, додека поради ненаплатен надомест за потрошена вода и ангажирана електрична енергија за транспорт на истата, истиот го задолжил ЈКП „Козјак“ за 7.997.693 денари кон ЕВН Македонија.