527
46-годишен жител на Кочани заработи кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „силување“. Имено тој се заканувал на женско лице дека ќе објави фотографии со компромтирачка содржина, па во неколку наврати извршил обљуба.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Во периодот од ноември 2017 до 09.07.2018 година во неговиот дом во Кочани пријавениот, со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз женско лице од Кочани“, соопштуваат од МВР.