Ахмети: За државата не е добро да има избори без опозиција

by Фокус

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Стандард не одговара директно на прашањето дали ДУИ ќе учествува на изборите на 5-ти јуни.

– ДУИ бара да се исполнат сите услови за изборите да бидат прифатени од сите страни и од меѓународниот фактор. Четирите партии одлучивме да ги одложиме изборите на 5 јуни. За државата не би било добро да се оди на избори без опозицијата. ДИК треба да излезе и да каже колку се исполнети условите на опозицијата. Треба да коментира и меѓународниот фактор, состојбата е хаотична и секој е во исчекување – вели Ахмети.

Поврзани новости