Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Свети Николе

by Fokus

Поднесена е кривична пријава против 50-годишниот З.Т. од Свети Николе, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата, тој од први април 2013 година до 31.10.2017 годинава, како градоначалник на општина Свети Николе, ја злоупотребил својата службена положба на начин што дозволувал на физички лица во своите приватни патнички возила да наточат гориво на трошок на општината, а за да го оправда истото му наредувал на шефот на возниот парк Б.З. при плаќањето со Верна Плус картичките од Општина Свети Николе лажно да го прикаже горивото дека било наточувано во службените возила на Територијалната противпожарна едниница-Свети Николе.

Со својот потпис ги одобрувал издадените фискални сметки, со што го оштетил буџетот на општината за износ од 762.041 денари.

Поврзани новости