713
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривичните дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против В.К.(53) од Охрид поради сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Првопријавениот, како што соопшти денеска МВР, во период од август до декември 2020 година на катастарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпеичко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрение за градба изградил индивидуален објект.
Тој како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.