Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за сериозен криминал и тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Г.А.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, казниво по член 394 став 1 и „прикривање“ казниво по член 261 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот Г.А. во периодот од јули до септември 2018 година како член на злосторничко здружение кое го формирале Р.П., А.Б. и Ж.Р. континуирано разменувал информации за археолошки предмети пронајдени претходно или во тек на наведениот период. Во периодот од 30.07 до 05.10.2018 година пријавениот Г.А. остварил контакти со Р.П. заради продажба на археолошки предмети кои претходно ги имал пронајдено, заради понатамошна препродажба. На 24.10.2018 година, со потврда за одземени предмети, од пријавениот Г.А. биле одземени една бакарна фигура и една бакарна монета, кои се археолошки предмети и претставуваат добра под привремена заштита, културно наледство или природни реткости.
Претходно, на 05.10.2018 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе и кривични пријави против Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р.(65) и6.11 уште 11 други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.