Лазаревски: Во системот за прислушување влегов со пасвордот од времето кога бев началник на Петтата управа

by fokus

Првите сомнежи дека во УБК се врши нелегално прислушување,  кај Ѓорѓи Лазаревски се појавиле од 2006 до 2008 година. Тој денеска пред судот појасни дека тој до 2006 година бил разрешен од позицијата началника на Петтата управа, но и новото работно место го врзувало со прислушувањето, бидејќи системот на кој работел само со еден параван бил издвоен со системот за прислушување.

-Добив индиции дека самоконтролата на раководителите попуштила и ме копкаше да видам до кој степен е отидено тоа. За цело време бев во друштво со луѓето кои го оддржуваа системот и приметив чудни реакции од неврзани разговори, но и од самиот амбиент кој се створи во управата, се потсети Лазаревски.

Тој истакна дека успеал да се поврзе на системот во 2008 година пред самото исклучување на системот. Го искористил пасвордот што го имал како началник и успеал да се поврзе.

-Се закачив на мрежен кабел се обидов со пасвордот кој го имав од порано и успеав. Отидов во делот каде се чуваат логови за активирање во системот и добив во текстуална форма податоци кои требало да се обработат, појасни Лазаревски.

Поврзани новости