Кривична пријава против тројца вработени во Министерството за економија

by fokus

МВР поднесе кривична пријава против Т.М.(54), Т.И.(51), П.Н.(39) и О.А.(37), сите од Скопје, сите вработени во Министерството за економија- Биро за метрологија, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавените, како вработени во Биро за метeорологија, издале потврди за отворање на постапката за идентификација на две патнички возила, кои што не ги исполнувале законските услови за легализација, со што овозможиле сопствениците на возилата да се стекнат со право на регистрација.

Поврзани новости