Кривична пријава против трите момчиња кои малтретирале цимер во Кавадарци

by fokus

Полициската станица Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18, 17 и 16-годишник, кои на 14 овој месец извршиле насилство врз цимерот со кој заедно живееле во Кавадарци, каде што се школувале.

Ова за МИА го потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Претходно, од Државниот просветен инспекторат потврдија за МИА дека бил извршен инспекциски надзор во Државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков“ Кавадарци и направен е записник. Утврдено е дека постоел одреден инцидент и врз основа на наводите во записникот му се предлага на одговорното лице во ученичкиот дом да превземе соодветни мерки заради утврдување на фактичката состојба и доколку се утврди вина да се превземат соодветни мерки согласно Законот за ученички стандард.

– Утврдувањето на фактичката состојба не е во наша надлежност, тоа го врши Министерството за внатрешни работи, рекоа од Инспекторатот.

Случајот во полиција го пријавил таткото на малтретираното момче.

Поврзани новости