Кривична пријава против момче од Штип за продажба на марихуана

by Fokus

Момче од Штип доби кривична пријава поради неовластена продажба на марихуана, откако била пронајдена во претрес во неговиот дом минатиот декември.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Љ.(21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „овозоможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.12.2019, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Штип, при што пронашле и одзеле марихуана“, соопшти МВР.

Поврзани новости