Поради учество во групна прослава, петнаесет лица од Пехчево и Берово заработиле кривична пријава заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија. Настанот како што соопштија од беровската полиција бил регистриран во затворен простор сопственост на правен субјект од Берово.
-Пријавените, на 17.01.2021 околу 18.25 часот во просториите на правен субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, информираат од беровската полиција.
Поради ова Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово, до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против правното лице како и 5 лица од Пехчево и 10 лица од Берово кои биле дел од групната прослава.
-Кривични пријави се поднесени против Д.Ј.(23), Г.Ш.(23), А.Т.(29), А.М.(25), Г.П.(35), сите од Пехчево, И.Б.(21), А.П.(28), В.К.(28), М.Д.(23), Д.Р.(31), Ѓ.А.(26), Б.Б.(38), К.М.(22), М.Б.(28) и Н.Р.(25), сите од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од полицијата.
Против сторителите на прекршокот најавени се соодветни поднесоци.