Кривичен суд: За делото „Убиство во миг“, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од една до пет години

by Fokus

Судот постапува врз основа на тежината на кривичното дело по обвинителен акт или обвинителен предлог добиен од Јавното обвинителствот за кривично дело квалифицирано од надлежен обвинител, информираат од Основниот кривичен суд во однос на одредени реакции за пресудата за убиство кои на 14 август 2019 година се случи во скопско Ново Лисиче.

– Судот води непристрасна постапка во која доследно ги почитува правата на обвинетите, но и на оштетените, утврдува вина и одредува казна исклучиво врз основа на тежината на Кривичното дело за кое се терети обвинетиот, односно запретената казна за истиот. За кривичното дело „Убиство во миг“ од член 125 од Кривичниот законик, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од 1 до 5 години затвор. Со оглед да обвинетиот кој има 18 години и претходно не бил осудуван, Законот исто така утврдил олеснителни околоности кои судот мора да ги земе предвид, па токму затоа е одредена казна од 3 години затвор, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Споредбата со друг предмет, посочуваат од Судот, за кривичното дело „Насилство“ каде е изречена казна затвор во траење од четири години е несоодветна бидејќи за тоа кривично дело, исто така законодавецот, а не судот, предвидел казна од 3 до 10 години.

– Со цел дел од граѓанте да не бидат доведена во заблуда околу надлежноста на судот и другите институции при решавањето на еден кривично – правен настан, како суд сме должни да ја запознаеме јавноста дека надлежни за квалификација на кривичните дела, според која квалификација се одредува казната – доколку се докаже вината, се МВР и Јавното обвинителсво, а не судот, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Поврзани новости