551
Барањата на одбраната на Катица Јанева во „Рекет“ за одложување на рочиштата ги сметаме единствено како начин на одолговлекување на судскиот процес, сметаат од Основниот кривичен суд во Скопје.
„Судот ја задолжи одбраната да се однесува одговорно спрема судот и доследно да ги почитува правата на обвинетите во постапката и денешната расправа ја одложи за веќе закажаниот термин 26-ти март до кога адвокатката Ирена Фрчкоска е должна да ги организира семејните обврски како би можела да присуствува на судењето. Доколку адвокатите и понатаму се спречени да присуствуваат на идните расправи да обезбедат свои заменски бранители бидејќи во спротивно судот на обвинетата ќе и назначи бранител по службена должност“- информираат од Кривичниот суд.