Кривичен суд: Кртот кој му дојавил на Мијалков не е од судот!

by fokus

Од Кривичниот суд преку соопштение потенцираат дека судот експресно одлучил по барањето за притворот на обвинетиот Сашо Мијалков, појаснувајќи и дека кртот кој му дојавил на Мијалков не е од судот.

„Во врска прашањата кои се наметнаа како дилема во јавноста, но и со намера Кривичниот суд Скопје да даде свој придонес во однос на евентуални пропусти на институциите, со цел утврдување на причината за краткотрајната недостапност на органите на прогонот на обвинетиот С.М, ја информираме јавноста дека Кривичниот суд изврши интерни проверки по што е донесен следниот заклучок:

Основниот Кривичен суд по однос поднесениот предлог за притвор постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајки одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето.

Колку за потсетување од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи во предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозможно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејки во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале взаемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место.
Кривичниот суд останува посветен и отворен за соработка, се вели во соопштението на судот.

Поврзани новости