Oбвинителниот акт КООА 155/25 е во фаза на оцена пред Совет за оцена на обвинителен акт. До овој момент до судот доставени се 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои веќе се експедираат на надлежното јавно обвинителство. Примените приговори се во фаза на анализа од советот за оцена по што треба да биде донесена одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени, информираа денеска од скопскиот Кривичен суд во врска со предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што посочивме и во соопштението од 18.07.2025 година,
Од Судот посочуваат дека „станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и судот ги презема сите Законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките. Заради појаснување на медиумите, но и на целокупната јавност како пример ќе посочиме други обвинителни кати кои се однесувале на 30 и повеќе обвинети лица па така:
Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 год.,
Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 год.,
Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27 ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 год“.