Крива Паланка ќе и додели финансиска помош на Украина

by fokus

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по остварен телефонски разговор со амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук, поднесе предлог-иницијатива до Советот на Општината за доделување на еднократна финасиска помош од општинскиот буџет, за настраданото население во Украина.

-Оваа иницијатива Митовски ја превзема врз основа на одличната соработка со Амбасадата на Украина во РС Македонија и со амбасадорката, Наталија Задорожњук, која е прогласена за почесен граѓанин на Општина Крива Паланка, како и плодната соработката со збратимениот град Перечин од нашата пријателска земја Украина, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

-Оваа голема  трагедија што ја зафати нашата пријателска земја, Украина, ни донесе немир и тага на сите, затоа, токму сега кога пријателите ни се во невоља, треба да ја покажеме нашата солидарност и да изнајдеме начини да помогнеме на недолжното население и настраданите лица, изјави Митовски.

Согласно иницијативата, претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, ќе закаже вонредна седница на Советот деновиве на која се очекува да биде усвоена одлука за издвојување финансии според состојбата и можноста на општинскиот буџет.

Поврзани новости