Американскиот Сенат го потврди Кристофер Хил за нов амбасадор на САД во Србија, објавено е на твитер налогот на Демократското мнозинство во Сенатот на САД, при што истовремено се потврдени именувања на уште неколку американски амбасадори.
Хил во Белград ќе го замени Ентони Годфри кој е на служба во Србија од ноември во 2019 година.
Новиот американски амбасадор во Србија е познавач на регионот и близок пријател и соработник на претседателот Џо Бајден.
Во минатото беше специјален претставник на САД за Косово и имаше една од клучните улоги во преговорите што ѝ претходеа на конференцијата во Рамбуе во 1999 година. Пред Белград, Хил беше на служба во Скопје и во Тирана. Во кариерата работеше како амбасадор и во Ирак, Јужна Кореја и Полска.
Хил потсети дека дипломатската кариера ја започнал токму во Белград. Подоцна да учествуваше во мировен процес што кулминираше со Договорот од Дејтон и дека се врати во регионот како американски амбасадор во Македонија. Во меѓувреме презеде и дополнителна одговорност како специјален претставник за Косово од 1998 до 1999 година.