Криминалците си ја купуваат слободата, реагира Алијанса

by Фокус

И покрај сериозните и директни забелешки за криминалот и корупцијата, како и за недостигот на правда во земјава, скандалите во обвинителството и судството се зголемуваат, реагираат од Алијанса за Албанците, по информациите дека обвинителството склучило спогодба со Орце Камчев за Империја, а истото може да го стори и со Сашо Мијалков.

„Пред очите на целата јавност, таканареченото обвинителство за гонење организиран криминал и корупција наместо да го гони, реши да склучи пакт со криминалот. Ова потоа беше одобрено од кривичниот суд и со тоа на осомничените криминалци како Орце Камчев со компанијата им се овозможи да си ја откупат слободата со 5.3 милиони евра. Парите што требаше да бидат конфискувани се искористени за купување на правдата, додека за да се фрли прашина во очите на граѓаните, Камчев е осуден на една година затвор каде ќе му се пресмета притворот, што значи дека останува на слобода во овој случај“, посочуваат од партијата на Зијадин Села.

Засега, ова е единствена партија која реагирала во однос на најновите информации за случајот Империја, во чии рамки заврши истрагата и се очекува обвинение.

Поврзани новости