480
Опозициските партии стравуваат дека вечер на митингот во Куманово се спремаат проблеми од вооружена група од Косово и Прешево, кои во текот на денот илегално го преминале граничниот премин во кумановскиот регион.
Според непотврдените информации, се работи за криминална банда, а не за групации на УЧК. Се шпекулира дека нивна наводна цел е да направат инциденти во Куманово.
Иво Котевски, портпарол на МВР истакнува дека ги проверуваат сите информации кои стигаат до нив, додавајќе дека се подготвени да реагираат доколку има потреба.