Кредиторите на Грција одобрија пакет за олеснување на нејзиниот долг

by fokus

Спасувачкиот фонд на еврозоната го одобри денеска спроведувањето  на големиот план за олеснување на грчкиот долг, кој треба да и даде на Атина можност да наталожи значителни заштеди за неколку децении.

Мерките вклучуваат подобри каматни услови и исплата на одложени плаќања, кои првично беа договорени во јуни. С
оветот на директори на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) денеска на седница во Луксембург ја активира програмата, откако заклучи дека Грција ја исполнила листата со услови.

Грција излезе од трета програма за спас во август, но останува под внимателен надзор од институциите на ЕУ, за да продолжи со административните реформи и мерки за намалување на трошоците и покрај високите нивоа на сиромаштија и невработеност.

Одлуката беше донесена еден ден откако во извештајот на Европската комисија беше наведено дека Грција ги почитува обврските од програмата за спасување.

Поврзани новости