Европската комисија не сака да го коментира барањето за екстрадиција на Груевски

by fokus

Европската комисија одби да одговори на прашања за можната екстрадиција на експремиерот Никола Груевски.

МИА побара појаснување околу тоа дали барањето за екстрадиција од страна на Македонија  се коси со одобрувањето азил од страна на унгарските власти.

-Одлуките за екстрадиција се надлежност на властите на земјите членки, ова значи дека кога барање за екстрадиција се испраќа до земја членка, тоа е индивидуален случај кој се третира од страна на назначената надлежна власт. Европската Комисија нема никаква надлежност да интервенира и затоа нема да ги коментира овие случаи, изјави за МИА Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија.

Поврзани новости