Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch” на 19 август го намали кредитниот рејтинг на Македонија на “ББ” поради политичката криза во Македонија, по што следуваше намалување и на кредитниот рејтинг на ПроКредит, што всушност е усогласување на рејтингот со оној на државата.
-Ниедна институција не може да има повисок рејтинг од рејтингот на државата во која работи. Оценката не влијае на работењето на банката и ПроКредит продолжува да работи стабилно и сигурно. ПроКредит Банка Македонија има рејтинг уште од ноември 2005, откога и Македонија како држава добива рејтинг, објаснуваат од ПроКредит.
ПроКредит Банка е единствената банка во Македонија која поседува меѓународен кредитен рејтинг од агенцијата Фич и се уште го има највисокиот рејтинг на банка во Македонија.