Студентскиот парламент минатата година потрошил повеќе од два ипол милиони денари

by fokus 14:00
14:00

Студентскиот пленум на денешната прес конференција го објави финансискиот извештај на Студентскиот парламент за периодот од септември 2014 до септевмри 2015 година. Парламентот потрошил 2 650 000 денари, од кои 136 676 денари биле потрошени за веде претседателот Кирил Спировски, чиј мандат во тој период е истечен.

Плата земал и потпретседателот, за што во статутот на Студентскиот парламент не постои таква функција, објаснуваат од Студентскиот пленум.

-Во документите од Централен регистар, кои ги поднесовме до Ректорат и до јавноста, јасно се гледа дека Кирил Спироски воопшто не бил именуван за претседател тој период, а притоа земал плата, рече Теодора Столевска од Пленумот.

Таа посочи дека огромна сума била потрошена за забави, за кои била ангажирана приватна компанија, што според неа е некоректно со оглед на тоа дека добар дел од студентите немаат основни услови за живот и хигиена во студентските домови.

 

Поврзани новости