411
Европската банка за обнова и развој ѝ одобри на Република Македонија кредит од 305 милиони евра и тоа: 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта, информираат од Министерството за финансии.
– Парите се добиени под исклучително поволни услови (условите се исти за двата кредита): рок на отплата 15 години со грејс-период од четири години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15 отсто (6 – месечен ЕУРИБОР плус 1%) – велат од кабинетот на министерот Зоран Ставрески.