Кратовец силувал 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци, информираа од министерството за внатрешни работи.
„На 14 јануари, осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци. За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, го ставил на вратот на оштетената и и се заканил“, се наведува во соопштението.
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип определи мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.