0
Британскиот крал Чарлс избра необична локација за својата божиќна порака оваа година, одлучувајќи да ја испрати од капелата на поранешна болница, објавија денеска британските медиуми.
Наместо некоја локација на кралскиот имот, Чарлс ја избра капелата Фицровија во центарот на Лондон, која некогаш и припаѓаше на сега урнатата болница Мидлсекс.
Во своето божиќно обраќање, се очекува кралот да се фокусира на напорите на здравствените работници откако му беше дијагностициран рак, како и да го пофали единството на општеството по немирите што избувнаа поради убиството на три девојчиња во Саутпорт, пренесе Скај њуз.