513
Новокрунисаниот британски крал Чарлс III и кралицата Камила ја продолжија традицијата започната во далечната 1902 година.
Новата кралска двојка заедно со семството се појави на балконот на Бакингемската палата и ја поздрави насобраната толпа, со што ја продолжи традицијата од крунисувањето на Едвард VII во 1902 година.
Меѓу кралското семејство беа принцот Вилијам со неговата сопруга Кејт и нивните деца, принцезата Ана , како и многу млади членови на семејството. Принцот Хари не беше забележан меѓу нив.