Кралот Чарлс е горд на Кејт за храброста да зборува за нејзината дијагноза

by Фокус

Обединетото Кралство, како и целиот свет, вечерва останаа шокирани од објавата дека Кетрин, принцезата од Велс, има рак.

-Ни требаше време да им објасниме на Џорџ, Шарлот и Луис, на начин кој е прилагоден на нив, и да ги увериме дека ќе бидам добро. Како што им реков и на нив – јас сум добро и секој ден сум сѐ посилна и сѐ посилна, така што се фокусирам на нештата кои ми помагаат да се излечам во телото, умот и духот. Тоа што го имам Вилијам покрај себе ми е голема утеха и охрабрување – рече Кејт.

Принцезата откри и дека прават „сѐ што можат за да го решат ова приватно за доброто на нивното семејство“.

Во  обраќањето, идната кралица откри дека по успешната операција на абдоменот, која ѝ беше извршена во јануари, ѝ бил дијагностициран рак и дека лекарите ја советувале да оди на превентивна хемотерапија.

Во меѓувреме, се огласија и од Бакингемската палата, од каде потенцираа дека кралот Чарлс Трети е горд на својата снаа.

„Кралот е горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува за нејзината дијагноза и останува во близок контакт со нејзината сакана снаа“, се вели во соопштението од Бакингемската палата.

Исто така, кралот Чарлс ја посетил својата снаа во болница и поминал извесно време со неа.

Поврзани новости