726
Хаосот на војната во Украина некои го користат за грабежи, но додека вооружените сили се зафатени со одбивање на руските напади, цивилите ги презедоа работите во свои раце.
Човек кој наводно бил фатен како ограбува во Киев за време на руските напади, бил врзан за столб за јавно осветлување за казна.
Фотографиите направени во главниот град на Украина покажуваат дека гордите Украинци се борат против криминалците кои сакаат да го искористат моменталниот хаос.
Од почетокот на инвазијата пристигнуваат извештаи за грабежи низ целата земја, а цел на криминалците се супермаркетите, бензинските пумпи и банките.