509
Засега непознат сторител вчера извршил тешка кражба во станот на Л.Ј.(62) од Скопје.
Како што информираа од полицијата, сторителот со употреба на подесен алат ја отворил влезната врата, влегол во станот и одзел поголема количина златен накит, два рачни женски часовници Касио и неколку комплети женски накит Сваровски, по што го напуштил местото на настанот.
На тој начин, според МВР, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 947.500 денари.