555
Владата го поткопува Договорот од Преспа, а потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување, коментира поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил за последните случувања по Самитот на ЕУ, jави дописничката на МИА од Атина.
-По ветото на Макрон еден е заклучокот од практиките на владата во однос на Договорот од Преспа: го поткопува и потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување. Затоа, ќе има многу голема одговорност за евентуални непријатни случувања во регионот, напиша Коѕијас на Твитер.