Возачот уапсен, во камион од Бугарија најдени 39 трупови

by Fokus

Покрената е истрага за убиство откако рано утрово 39 лица биле пронајдени мртви во камион во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, Есекс.

Службите за итни случаи биле повикани на местото околу 1.40 часот по полноќ откако биле откриени 39-те жртви во камион.

25-годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, потврди полицијата.

Меѓу жртвите има и еден тинејџер, рече полицијата на Есекс, пренесе Гардијан.

Главниот надзорник Ендру Маринер рече: „Веруваме дека камионот е од Бугарија и дека влегол во земјата кај Холихед (Велс) во саботата на 19 октомври… Го уапсивме возачот на камионот во врска со инцидентот, кој останува во полиција, додека нашата истрага продолжува“.

Поставен е полициски кордон и пристапот до и од индустрискиот парк Ватерглајд останува затворен.

Поврзани новости