Коѕијас: Штом Скопје го ратификува договорот, со задоволство ќе дадеме зелено светло за НАТО и ЕУ

by fokus

Денеска го направивме решителниот чекор, вели шефот на грчката дипломатија во интервју за грчката телевизија „Контра“, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери.

– Мислам дека денес го направивме решителниот чекор и утре ќе разговараат повторно двајцата премиери и ќе го завршат разговорот што го започнаа денес, рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто и објасни дека „преговорите не се права линија тргнавме и одиме на маратон“, туку дека преговорите се „напорен пат со подеми, падови и тешкотии“ и затоа Коѕијас вели дека е „потребно трпение и трезвеност“.

Во однос на европската и евроатланската перспектива на Македонија, Коѕијас рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.

– Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат, рече Никос Коѕијас. Во однос на членството во НАТО, објасни покана е она што може да се даде, како што е планирано, ако се биде во ред на Самитот на 11 и 12 јули, додавајќи дека за оваа покана потребни се ратификации од сите земји членки.

Во однос на тоа кога договорот би пристигнал во грчкиот парламент, Коѕијас истакна дека потребно е да се завршат сите внатрешни процеси кај нас за да започне процесот за членство во ЕУ и НАТО, а потоа и Грција ќе го ратификува договорот за да стапи во сила

Поврзани новости