Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе остварат средба во Охрид.
Коѕијас на средбата во Охрид ќе допатува од Белград во рамки на неговата мини балканска турнеја, од каде ќе замине на средби во Приштина.
Тој по последната средба со Димитров која се одржа Виена заедно со медијаторот Метју Нимиц изјави дека се надева оти на следната средба ќе бидат подготвени да направат голем чекор.
Претходно, Никос Коѕијас и Никола Димитров имаа средба во Скопје, за која грчкиот министер првпат слета на аеродромот кај Петровец чие име беше сменето во „Меѓународен аеродром Скопје“ како добра волја за односите со Грција.
По оваа средба, доколку се помине во најдобар ред, спорот со името преминува во рацете на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.