441
Шефот на грчката дипломатија излезе со оптимистички став во врска со решавањето на деценискиот спор по состанокот на потесниот кабинет на грчката влада предводен од премиерот Алексис Ципрас во Атина.
-Грција сака да го реши деценискиот спор околу името на Македонија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во Атина.
Таквиот договор се очекува да ги одблокира аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО и да започне преговори за членство со ЕУ.
-Мислам дека 2018 ќе биде годината кога надворешно-политички прашања кои беа заглавени во кал со децении ќе се решат“, изјави Коѕијас во Атина, по одржаниот состанок на потесното раководство на грчката влада.