Коѕиас: Веруваме во компромис од кој двете страни ќе добијат

by Фокус

Денес правиме чекор да ги решиме проблемите кои не ги создадовме ние, туку ги наследивме и сега сме должни да ги решиме, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на прес-конференција со македонскиот колега Никола Димитров.

-Лесно е во политиката, особено во надворешната политика да не правиш ништо, но политичките пречки мора да се надминат и тоа ќе донесе развој. Министрите за надворешни работи, во рамки на нивните влади, имаат должност да наоѓаат решенија кои ќе го следат однесувањето на двата народи, кои се блиски и комуницираат. Веруваме во чесни договори, во еден компромис од кој во иднина двете страни ќе добијат. Никогаш не можеш да го добиеш тоа што го имаш го глава, туку тоа што е главно за себе и да го дадеш тоа што е главно за другата страна – рече Коѕиас.

Според него, заедничкиот интерес на сите е иднината и стабилноста на регионот.

Поврзани новости