Димитров објасни зошто не би прифатил име „Горнамакедонија“ слеано

by fokus

На прашање од грчки новинар за предлогот „Горнамакедонија“, како слеано име и непреведено, односно што ќе фигурира само на словенски јазик, грчкиот министер, Никола Димитров, објасни зошто тој предлог не е прифатлив за Македонија.

-Во дилема сум бидејќи обично јавно не отворам позиции, дали да одговорам директно и прецизно или општо во целина. Мислам дека во сегашната привремена референца, ФИРОМ, постои името Република Македонија. Тоа име е преведливо на шестте официјални јазици во ОН.  Мислам дека тука тешко ми е на својот народ да му кажам бидејќи ние сме народ под тоа име, иако идентитетот разликува кога ќе се каже Македонија во Грција и Македонија во нашата земја. Тешко е да се аргументира кога имаме еден збор како тој. Ако се изговори брзо може да се подизгуби, да не звучи како Македонија. Мислам дека е тоа тежок аргумент, мислам дека можам да најдам многу аргументи да објаснам зошто тоа не е најдобар правец – рече Димитров на денешната заедничка прес конференција со грчкиот министер, Никос Коѕијас.

Поврзани новости