Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, вчера оствари средба со медијаторот Метју Нимиц, во Њујорк.
Според грчката новинска агенција АПЕ, состанокот со македонскиот министер за надворешни, Никола Димитров, Коѕиас го карактеризирал како особено пријателски, а разговарале за начините за пристап за решение на проблемот со името, преземање на одредени мерки за справување со иредентизмот и недовербата од двете страни со организирање на средби на експерти за правни теми, историја и школски учебници.
Според Коѕиас, името и употребата, јазикот, државјанството и кратенките се деловите на спорот за името.
Во Атина опозициската Нова демократија продолжува со обвинувањата до грчката Влада, меѓу другото и за прашањето за името.
Јоргос Кумуцакос го искористи спорот со Македонија како пример дека во Владата постојат две парламентарни мнозинства и дека за одредени прашања нема единствена и заедничка позиција.