За да СЈО стане дел од Републичкото јавно обвинителство мора да добие поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 10:53
10:53

Предвидената владина реформа Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да стане посебено одделение во рамките на Републичкото јавно обвинителство, но и да се прошири неговата надлежност со гонење на кривични дела од висок профил на корупција, е тешко остварлива.

За да се спровед оваа реформа, која е дел од Стратегијат на Владата за реформи во правосудството, а изготвена од тим експерти, потребни се измени на Законот за јавното обвинителство, кој пак се менува со поддршка на две третини од пратениците, што во случајот значи дека ЗА треба да гласаат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertising -

-Потребно е да се создадат законски предуслови за продолжување на работата на СОЈ како посебно одделение во рамките на ЈОРМ. Тргнувајќи од постојната кадровска и техничка екипираност на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неговата надлежност како посебно одделение во рамките на ЈОРМ треба да биде проширена и со гонење на кривични дела од висок профил на корупција (whitecollarcrime). Ваквата организациска поставеност на јавното обвинителство (надополнето со посебното специјализирано одделение) ќе биде проследена и со соодветна организација во рамките на судството, се вели во владината стратегија.

Експертите кои ги консултираше „Фокус“ се децидни дека за да се изврши оваа реформа, неопходно е менување на Законот за јавното обвинителство и дека не постои друг начин да се изврши припојувањето.

На овој начин, со законски измени, во 2007 година, Одделението за гонење на организиран криминал и корупција, прерасна во посебно обвинителство за постапување по предмети сврзани со организираниот криминал и корупцијата на ниво на цела територија на Република Македонија. Тогаш поддршка дадоа две третини од пратениците.

В.В.

Поврзани новости